19.01.2024 Скопје

Јоаким Руквид, претседателот на германското здружение на земјоделци, и се закани на владата со продолжување на големите протести следната недела против планираното постепено укинување на субвенциите за дизел гориво.

„Ако сега ништо не се преземе за дизелот што се користи во земјоделството, следната недела ќе има нови протести и демонстрации“, рече Руквид.

Според него, само реципрочни чекори на германската влада би можеле да спречат нови собири.

Германската влада ги објави плановите да ги прекине субвенциите за дизелот за земјоделците во декември 2023 година во услови на буџетска криза, што ќе донесе 440 милиони евра во федералниот буџет.

Владата планираше да ги укине и даночните олеснувања за возилата за шумарство и земјоделство, кои ќе добијат дополнителни 480 милиони евра. Оваа најава предизвика повеќекратни протести на земјоделците ширум земјава.

Портпаролот на германската влада Штефен Хебстрајт на почетокот на јануари 2024 година изјави дека наместо нагло укинување на субвенциите за дизелот, нивните износи постепено ќе се намалуваат, а даночните олеснувања за возилата за шумарство и земјоделство ќе останат на сила.

Сепак, земјоделците продолжија да протестираат и штрајкуваат низ целата земја.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *