rabota vo germanija

18.01.2024 Скопје

Германската Луфтханза објави дека оваа година има намера да отвори околу 13.000 позиции на различни работни места, приближно исто колку што вработуваше во 2023 година.

По продажбата на угостителската филијала LSG, концернот вработува околу 95.000 луѓе ширум светот.

Годинава бара уште 3.500 кабински персонал, 1.000 екипаж во пилотската кабина, 3.000 технички и 1.000 ИТ специјалисти.

Ќе се отворат многу работни места за копнениот персонал на аеродромите во Минхен и Франкфурт.

Околу две третини од понудата е да се компензира за позициите што Луфтханза ги затвори за време на пандемиската криза, а една третина е нова.

Концернот се фокусира на тоа да се биде добар работодавец, изјави шефот на секторот за човечки ресурси, Михаел Нигеман.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author