05.01.2024 Скопје
Германското Министерство за економија соопшти дека во 2023 година германската Влада има издадено дозвола за извоз на оружје во вредност од 12,2 милијарди евра, од кои повеќе од една третина е извезена во Украина.
Во споредба со 2022 година, вредноста на оружјето за кое Владата издаде дозвола за извоз се зголеми за 46 отсто.
Поточно, во 2023 година е извезено воено оружје во вредност од 6,4 милијарди евра. Останатите 5,8 милијарди одат на рака, спортско и ловечко оружје, како и радарска и комуникациска опрема.
Во рекордната 2021 година извезено е германско оружје во вредност од 9,35 милијарди евра.
Во својот коалициски договор, склучен пред руската агресија врз Украина, владата на Олаф Шолц предвидува значително ограничување на извозот на оружје.
Подготвено од А.Ѓ.