31.01.2024 Скопје
Германскиот државен министер Карстен Шнајдер ја изненади јавноста со признанието дека германската влада нема повеќе финансиски средства во буџетот.
„Би сакал накратко да кажам неколку искрени зборови за финансиската состојба. Едноставно немаме повеќе пари“, изјави Шнајдер.
Политичарот на владејачката „семафорска коалиција“ додаде дека германската влада потрошила 800 милијарди евра за помош за време на епидемијата на корона вирусот, како и за пакети за субвенционирање на цените на гасот и струјата.
„Сега е време да се плати за тоа“, нагласи Шнајдер, додавајќи дека повеќе не може да најавува дополнителна помош.
Заеми за „важни инвестиции во иднина“ повеќе не се можни поради одлуката на германскиот Уставен суд, додаде германскиот државен министер.
Тој призна и дека Владата на Германија не се однесувала правилно кон земјоделците.
„Двојното даночно оптоварување на моторните возила и земјоделскиот дизел беше превисоко и не беше разговарано со нив. Тоа беше јасна грешка“, рече тој.
Подготвено од А.Ѓ.