11.01.2024 Скопје
Спектакл во Дизелдорф во Меркур-Спел Арена. Пред повеќе од 50.000 гледачи, што е невидено во историјата на ракометот, домаќинот на ЕП Германија ја совлада Швајцарија со 27:14.
Поточно, присутни беа 53.586 гледачи. А тоа е апсолутен светски рекорд кога станува збор за посетеност на еден ракометен натпревар.
Во сенка на тој колосален историски податок се одигра вториот натпревар на првенството во рамките на групата А. Како и на првата средба каде Французите беа убедливи против Северна Македонија, а и на оваа фаворитот ги оправда очекувањата.
На крајот, Пантерите беа поубедливи. Тие славеа победа од 13 гола разлика и покажаа дека највисоките амбиции во овој шампионат не се без покритие.
Кај победниците најефикасен беше Јури Кнор со шест гола. На другата страна Рубин постигна четири.
Во следното коло Германците ќе играат против Северна Македонија, а Швајцарија со Франција во недела.
Подготвено од А.Ѓ.