francija france

12.01.2024 Скопје

Стефан Сежур ќе биде новиот министер за надворешни работи на Франција, соопштија од кабинетот на претседателот Емануел Макрон.

Во соопштението се наведува дека на досегашните позиции ќе останат министерот за финансии Бруно Ле Мер и министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин.

Најголемо изненадување во реконструкцијата на Владата е именувањето на конзервативната политичарка Рахида Дати, блиска соработничка на поранешниот претседател Никола Саркози, за нов министер за култура.

Министерските назначувања беа објавени откако Макрон пред два дена го назначи Габриел Атал за нов премиер на местото на Елизабет Борн.

Промената беше протолкувана како обид на Макрон да го намали незадоволството на јавноста поради минатогодишните непопуларни реформи на пензискиот систем и миграциската политика.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author