26.01.2024 Скопје
Форд повлекува речиси два милиони SUV модели Explorer, произведени помеѓу 2011 и 2019 година поради загриженоста дека надворешната спојка што го држи работ на шофершајбната може да се откачи додека возите.
Според документите поднесени од Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA), погодени се 1.889.110 автомобили.
Доколку украсниот раб се откачи и падне, „ќе стане опасност на патот и ќе го зголеми ризикот од судар“, се наведува во документите.
Ова е едно од најголемите отповикувања во Америка во 2024 година.
Од 12 јануари, Форд доби 568 онлајн поплаки и повеќе од 14.000 пријави за исчезнати или откачени парчиња.
Минатата година, NHTSA започна прелиминарна истрага и посочи дека верува дека одвојувањето на украсите е опасно, што го натера Форд повторно да го процени ризикот и да иницира отповикување.
Подготвено од А.Ѓ.