https://www.facebook.com/photo/?fbid=671906520059566&set=p.671906520059566

30.01.2024 Скопје

Европската детска гаранција е механизам на ЕУ за спречување општествено исклучување на загрозените деца со тоа што им се гарантира пристап до низа клучни основни социјални услуги. Со детската гаранција треба да се осигури дека ранливите деца имаат пристап до квалитетни услуги, односно, да се определат минималните пакети на услуги за секоја група најранливи деца. Со гаранцијата, која е веќе спроведена во неколку европски држави, се воведуваат иновативни пристапи на националното буџетирање, планирање и развој на национални акциски планови за намалување на детската сиромаштија и справување со системските неповолности на особено ранливите деца. Целта и е да обезбеди ефективен пристап до основни социјални услуги за ранливите деца, како и таргетирани и специјализирани услуги соодветни и прифатливи за децата и нивните старатели на начин на кој се избегнува стигматизација и дискриминација.

Сиромаштијата и социјалната исклученост оставија големи последици врз животот на децата, го отежнаа пристапот до основни услуги како што се здравствена грижа, образование, грижа за децата и квалитетно домување. Децата кои се соочуваат со сиромаштија и/или исклучување се среќаваат со поголеми пречки, бидејќи системите не се поставени за да им служат на овие деца – систематски да ги идентификуваат и децата и потребите, да стапат во контакт со нив, да ги поврзат со основните услугите и да ги следат во целиот систем.

„Со спроведувањето на детската гаранција во Република Северна Македонија ќе се воспостават и универзални и таргетирани интервенции за да им се обезбедат социјална заштита, образование и здравствена нега на најранливите деца, меѓу кои и децата на улица, децата принудени прерано да стапуваат во брак, како и деца засегнати од миграција, и пропишана со закон и врз основа на заедницата, во зависност од конкретниот контекст на детето и семејството.“ изјави Патриција ДиЏован, претставничката на УНИЦЕФ

„На овој начин исто така ќе им се помогне на националните и локалните власти да го зајакнат управувањето со јавни финансии во врска со подобро планирање, буџетирање и спроведување на буџетот за основните социјални услуги за ранливите деца – во сферата на детска и социјална заштита, здравствена грижа и образование. Со ова ќе се обезбеди чекор по чекор секое дете да добие пристап до квалитетно образование, здравствена грижа, благосостојба и заштита. И секое дете да може да го постигне целосниот потенцијал“.

Подготвено од М.Д.

 

About Author