balkan mapa

26.01.2024 Скопје

Балканот е еден од четирите правци за шверц на хероин од Авганистан до Европа, се вели во новата анализа на Европол.

Додека балканската рута останува клучен коридор за шверц на хероин во ЕУ, заплените долж неа се чини дека се намалуваат и покрај построгите гранични контроли долж копното што се протега низ Турција и Бугарија, според европската полициска организација.

Покрај балканската рута, во анализата се наведува дека трговијата се врши и во јужните, кавкаските и северните правци, а трговците ги прилагодуваат рутите и методите за да ги минимизираат ризиците и да ги искористат новите можности.

Според Европол, се чини дека шверцот со хероин на јужната рута кон ЕУ е во пораст. Тоа може да се види по големите количини хероин кои ги напуштаат пристаништата во Иран и Пакистан, како и значителните заплени во европските пристаништа.

Документот го опишува европскиот пазар на хероин, од производство и трговија, до дистрибуција и употреба. Детално се опишани и процесите, материјалите и криминалните актери вклучени во различните фази и нивоа на пазарот. Каде што е достапно, податоците за хероинот се дополнети со увид во други опиоиди со кои се тргува и консумира во ЕУ.

Малопродажниот пазар на хероин во ЕУ се проценува на најмалку 5,2 милијарди евра годишно. Количината на хероин запленета од членките на ЕУ се зголеми повеќе од двојно во 2021 година на 9,5 тони, највисока во последните 20 години.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author