20.01.2024 Скопје

Заклучокот од студијата објавена на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) е дека Европејците работат сè помалку часови, особено мажите.

Вкупниот број на работни часови во Европа и вработеноста се вратија на нивоата пред пандемијата, но просечниот број на работни часови по лице сè уште опаѓа, велат авторите на студијата насловена „Анализа на падот на просечните работни часови во Европа“.

Просечното работно време по вработен во Европа е нешто под 37 часа неделно, а мажите сè уште работат нешто повеќе од жените, бидејќи поминуваат 39,9 часа неделно на работа, а жените 34,7 часа.

Намалувањето на просечното работно време е концентрирано во три групи: млади луѓе, мажи воопшто и особено мажи со мали деца.

Овој наод е изненадувачки конзистентен во сите европски земји, според студијата на ММФ.

Родовиот јаз во бројот на работни часови се намалува, како и родовата разлика во стапката на вработеност, се заклучува во студијата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *