22.01.2024 Скопје

Во ЕУ во иднина ќе бидат забранети готовинските плаќања од над 10.000 евра – ова е мерка договорена од Европскиот парламент и земјите членки со цел да се спротивстави на перењето пари.

Трговците на мало на луксузни стоки, исто така, ќе треба да го потврдат идентитетот на клиентите и да пријават сомнителни трансакции до властите.

На овој начин ќе се отежне перењето пари, а оваа мерка ќе ги „пополни“ и дупките во националните закони.

Построгите правила треба да важат и за трговијата со накит, луксузни автомобили, приватни авиони и бродови.

Од 2029 година под новиот закон спаѓаат и финансиски силните фудбалски асоцијации како „Баерн“ или „Борусија“ од Дортмунд.

Исто така, властите треба поблиску да го надгледуваат тргувањето со криптовалути и банкарските работи на супербогатите кои имаат имот во вредност од најмалку 50 милиони евра.

Сопствениците на компании со најмалку четвртина сопственост ќе мора да бидат регистрирани во ЕУ.

Намерата е, како што се наведува, меѓу другото, да им оневозможи на руските олигарси да ги заобиколат санкциите на ЕУ.

Новиот закон мора да биде формално одобрен од Европскиот парламент и земјите-членки.

Нејзиното спроведување треба да го следат властите на земјите-членки во координација со новата европска агенција за спречување на перење пари.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *