somalija somailand i etiopija

03.01.2024 Скопје

Европската унија инсистира на тоа дека суверенитетот на Сомалија треба да се почитува откако Етиопија потпиша контроверзен договор со отцепениот Сомалиленд.

Меморандумот за разбирање потпишан од етиопскиот премиер Абиј Ахмед и лидерот на Сомалиланд, Музе Бихи Абди во понеделникот и дава пристап на Етиопија до пристаништето Бербера на Црвеното Море и изнајмената воена база.

ЕУ во соопштението рече дека „сака да потсети на важноста од почитување на единството, суверенитетот и територијалниот интегритет на Федерална Република Сомалија, согласно нејзиниот устав, Повелбите на Африканската унија и Обединетите нации“.

„Ова е клучно за мирот и стабилноста на целиот регион на Рогот на Африка“, се вели во изјавата на портпаролот на ЕУ.

Сомалија во вторникот вети дека ќе ја брани својата територија бидејќи договорот меѓу Етиопија и Сомалиланд го нарече „агресија“.

Владата во Могадишу, исто така, соопшти дека го отповикала својот амбасадор во Етиопија и упатила апел до меѓународната заедница да застане на нејзина страна поради „еклатантниот напад“ врз нејзиниот суверенитет.

Сомалиленд, поранешен британски протекторат со околу 4,5 милиони луѓе, бара целосна државност откако побара независност од Сомалија во 1991 година.

Но, потегот не беше меѓународно признат и наиде на жестоко спротивставување од Могадишу, иако во реалноста централната влада практикува мала власт над работите во регионот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author