29.01.2024 Скопје
Повеќето автомобили на европските патишта произведуваат исто ниво на емисии на CO2 како пред една деценија, рекоа ревизорите на Европската унија (ECA), предупредувајќи дека ЕУ е на пат да „не ја исполни целта до 2030 година“.
До крајот на деценијата, ЕУ се обврза да ги намали нето емисиите на стакленички гасови за најмалку 55 проценти во споредба со нивото од 1990 година. Неуспехот значително да се намалат емисиите на CO2 е предизвикан од „бавната имплементација на електрични возила низ целиот континент“, додава ЕЦА.
„Постојаните подобрувања во технологијата на моторот и воведувањето на хибридни погонски единици ги направија моторите поефикасни, но зголемената маса на возилото во комбинација со помоќни мотори го негира постигнатиот технолошки напредок“, се вели во извештајот.
Просечната маса на автомобили се зголемила за околу десет отсто меѓу 2011 и 2022 година, додека моќноста на моторот се зголемила за 25 отсто.
Емисиите на нови автомобили почнаа значително да паѓаат дури во 2020 година.
„Ова главно се должи на значителното зголемување на бројот на електрични возила, додека реалните емисии на CO2 од автомобилите со мотори со внатрешно согорување не се намалени“, се вели во извештајот.
Вината за лошиот резултат беше припишана и на „дупки“ кои дозволуваа лабораториско тестирање наместо тестирање во реалниот свет. Ова беше искористено од производителите на автомобили кои направија големи разлики помеѓу „фабричките“ и реалните емисии.
Подготвено од А.Ѓ.