dejvid-gir

13.01.2024 Скопје

„ЕУ има многу јасен став што се однесува на владеењето на правото. Ние очекуваме владеењето на правото дословно да се почитува и во овој контекст ја цениме улогата на судството во вашата земја. Очекуваме судството да работи на професионален начин, да дејствува со интегритет и со целосна независност без никакво надворешно вмешување, дали е тоа вмешување од политичките партии или заради некои финансиски интереси“, рече евроамбасадорот Гир прашан за коментар на изјавата на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп за притисоците во судството.

Eвроамбасадорот очекува судиите да бидат резистентни на надворешно вмешување и да ја извршуваат нивната работа во согласност со највисоките работни стандарди, потенцирајќи дека мора да се стави крај на влијанието врз судството поради политички или каков било финансиски профит.

„Ние сме изразиле загриженост што се однесува на Судскиот совет којшто всушност е во самото срце на судскиот систем во земјата. И исто така, од друга страна, нашата загриженост не се однесува само на однесувањето на Републичкиот судски совет, туку исто така ЕУ изразува загриженост и во врска со сериозни наводи на надворешно политички вмешување, дали во работата на Републичкиот судски совет или во судството, генерално“, додаде Гир.

Токму поради таа причина ЕУ ангажираше оценска мисија од страна, која што даде препораки се со цел да се зајакне улогата на Републичкиот судски совет, којшто ќе осигура дека работата на Републичкиот судски совет ќе биде ослободена од какво било надворешно политичко вмешување.

За да бидеме докрај јасни, потенцира Гир, очекуваме судиите да бидат резистентни на надворешно вмешување и да ја завршат нивната работа во согласност со највисоките работни стандарди.

Подготвено од М.Д.

About Author