15.01.2024 Скопје
Српската авиокомпанија „Ер Србија“ минатата година има превезено 4,19 милиони патници, што е раст од 53 отсто, објави српскиот министерот за финансии Синиша Мали.
Мали нагласи дека „Ер Србија“ продолжува да руши рекорди, а нејзиниот раст се одвива на сите полиња.
„Денес компанијата има 44 отсто повеќе летови, до 23 нови дестинации, 87 линии во редовен сообраќај во 34 земји на четири континенти“, објави Мали на Инстаграм.
Тој потсети дека на 17 мај, по повеќе од 30 години, „Ер Србија“ повторно почна да лета за Чикаго и дека во првите шест месеци на релација Белград и овој град во САД летале повеќе од 25.000 патници.
„Растот кон рекорди е резултат на една деценија работа на раст на угледот, можностите, пазарот, компанија која стана светска класа. Продолжете да летате високо! Честитки“, им порача Мали на вработените во „Ер Србија“.
Подготвено од А.Ѓ.