juzna afrika epidemija kolera

18.01.2024 Скопје

Повеќе од 400 луѓе починаа, а повеќе од 10.000 се заразени во епидемија на колера во Замбија, што ги натера властите да одлучат училиштата ширум земјата да останат затворени и по крајот на учебната година.

Владата на Замбија, исто така, започна програма за масовна вакцинација и се обидува да обезбеди околу 2,4 милиони литри чиста вода дневно.

Голем фудбалски стадион во главниот град Лусака е претворен во медицински центар, а Националната агенција за управување со катастрофи раководи со медицинските операции.

Епидемијата во Замбија започна во октомври и 412 лица починаа, а пријавени се 10.413 случаи, според најновиот извештај на Институтот за јавно здравје во Замбија, владиното тело кое се справува со здравствени итни случаи, додека Министерството за здравство соопшти дека колерата е откриени во речиси половина од областите и девет од 10 провинции.

„Оваа епидемија е закана за здравствената безбедност на нацијата“, рече министерката за здравство Силвија Масебо, истакнувајќи дека таа е проблем во целата земја.

Колерата е акутна дијареална инфекција предизвикана од бактерии која обично се шири преку контаминирана храна или вода и е силно поврзана со сиромаштија и несоодветен пристап до чиста вода.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author