11.01.2024 Скопје
Енергијата на ветерот произведе 41,2 отсто од електричната енергија во Велика Британија во декември 2023 година, што е историски рекорд, покажуваат податоците на британскиот оператор ЕСО.
Во декември во Велика Британија имаше благо и ветровито време, што придонесе за рекорден резултат.
Велика Британија произведе 25,8 отсто од својата електрична енергија од природен гас во декември, што е најниско ниво од март 2020 година, кога ЕСО почна да објавува месечни статистички податоци.
Уделот на јагленот во британското производство на електрична енергија падна на 1,2 отсто во декември од 5,2 отсто во истиот месец од 2022 година.
Подготвено од А.Ѓ.