24.01.2024 Скопје
Еквадор го скрати полицискиот час воведен пред 15 дена во услови на вонредна состојба што драстично го намали дневниот број на убиства.
Според одлуката на претседателот Даниел Нобоа, во 10 од 24 провинции во земјата, полицискиот час ќе се намали за еден час – од 00:00 часот по локално време (05:00 часот по Гринич) до 05:00 часот (10:00 часот Гринич).
Еквадор е во војна со шверцерите на дрога и криминалните банди.
Овие области со висок ризик го вклучуваат главниот град Кито и југозападното пристаниште Гвајакил, кое е и центар на насилство од бандите и центар за испораки на кокаин во САД и Европа.
Во периодот од 1 до 8 јануари оваа бројка во просек изнесувала 27,6 дневно.
Членовите на 22-те криминални банди во земјата сега се сметаат за „терористи“ и учесници во воени дејства, а земјата се води како во состојба на „вооружен внатрешен конфликт“.
Полицискиот командант Цезар Запата на прес-конференција прецизираше дека се приведени „3.219 терористи“, а петмина се убиени, воедно, запленети се поголем број возила, чамци, оружје и експлозиви, како и 22 тони дрога.
Подготвено од А.Ѓ.