25.01.2024 Скопје
Во Нови Пазар е приведен српскиот државјанин А.Д., кој е осомничен дека бил дел од разузнавачката мрежа организирана од Д.Р. на територијата на Србија и дека по негова наредба собирал податоци и информации од значење за разузнавачката служба на Албанија.
Како што дознаваат локалните медиуми во безбедносните структури, А.Д. е уапсен во продолжение на истрагата на БИА и Вишото јавно обвинителство Јагодина (ВЈТ) против Д.Р. кој е осомничен дека во Србија шпионирал за разузнавачката служба на Албанија ШИШ и т.н разузнавачка агенција на Косово.
При претрес во просториите што ги користел А.Д., пронајдени се повеќе предмети кои се поврзани со извршување на кривично дело.
Нему му е одредена мерка притвор до 48 часа, а според кривичната пријава од БВР ќе биде изведен пред надлежниот обвинител В.Ј.Т. Јагодин.
Пред 10 дена поради сомнение дека сторил кривично дело шпионажа уапсен е Д.Р.
Од 2022 година со мрежа на негови соработници собирал податоци за Државната информативна служба на Албанија за поединечни припадници на безбедносните служби на Србија и Србите од Косово и Метохија, а по нивна наредба бил ангажиран и за време на кризни ситуации во северот на Косово и Метохија за време на протести и барикади.
Тој во неколку наврати ги снимал и движењата на српските безбедносни сили на подрачјето на општина Рашка.
Подготвено од А.Ѓ.