https://www.flickr.com/photos/141290938@N03/26682727064

26.01.2024 Скопје

Германската докторка Франциска Шлосер добила отказ затоа што нејзините колеги пријавиле дека ја напуштила болницата 28 минути порано откако била на повик 24 часа на ден.

Шлосер претходно работела во болницата во Хамбург 23 години. Таа решила да ја тужи болницата и добила отпремнина од 400.000.

„Не можам да дозволам обвинението да стои така. Не направив ништо лошо. Сега доаѓаат и ја конструираат оваа измама со работното време. Тоа е апсурдно“, рече Шлосер.

Беше поддржанa и од Marburger Bund (MB), најголемото германско здружение на лекари.

Шефот на болницата Филип Ветенгел изјави дека немале намера да се борат со докторката.

„Тие рекоа дека си заминала порано. Исказот на сведокот беше веродостоен. Но, не знам што точно се случило и сакам да го завршам ова“, рече тој во судот во Хамбург.

Судот смета дека обвинувањата против лекарката се неосновани. Но, по 23 години поминати во болницата, деловниот однос меѓу докторката и болницата заврши. Обвинението беше повлечено, а докторката доби отпремнина.

„Премногу се има случено со што не сакаат да го продолжат работниот однос“, вели адвокатот на болницата.

Докторката Шлосер изјави дека ќе се одмори малку пред да бара нова работа.

„Од срце ми е тргнат голем товар бидејќи процедурата е завршена, малку ќе се смирам, ќе дишам и ќе барам нова работа“, вели таа.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author