08.01,2024 Скопје
Дирeкторот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Ѓоко Камчев, го промовираше проектот под наслов „Дојран – медитерански скапоцен камен на југоистокот“ кој има за цел да ги збогати туристичките понуди во овој град и во регионот.
Се прави обид да се ревитализира туризмот и локалната самоуправа. По тоа прашање почнато е да се работи уште на стартот на новата туристичка сезона. За таа цел од Бирото за рамномерен регионален развој се одвоени средства од околу 8 милиони денари со кои ќе се реконструира патеката која се протега од нов Дојран покрај брегот на Дојранското езето во должина од 5 километри.
Покрај реконструкцијата на патеката, во проектот е предвидено и обележување и расчистување на вегетацијата на брегот на Дојранското езеро. Освен овие физички и инфраструктурни подобрувања се работи и на нови содржини за туристите, како што се велосипеди и паметни уреди.
Подготвено од М.Д.