24.01.2024 Скопје
Денес во индустриската зона Речица и во Куманово ќе започне да се гради големиот логистички и дистрибутивен центар на „Лидл“. Во дистрибутивниот центар се предвидува да се вработат стотина работници.
„Лидл“ ја купи парцелата во септември минатата година, а земјиштето со површина од 17 хектари го плати 5,3 милиони евра.
На настанот ќе присуствува и ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања и инвестиции Фатмир Битиќи.
Германскиот синџир маркети „Лидл“ веќе пушти огласи за вработување во Македонија. Се бараат работници на неколку работни позиции.
„Лидл“ ја купи локацијата на „Бриколаж“ во Скопје од компанијата „Скопски пазар“, во март 2023 година.
Подготвено од М.Д.