24.01.2024 Скопје
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска ќе одржи ад хок координација, на која, како што информираа од Собранието, ќе се утврдат точните датуми на седниците за оставките и за изборот на техничката влада. Потоа Џафери ќе има неформална средба со претставници на медиумите, на која, како што е најавено, ќе се разговара за тековните и идните активности на Собранието.
Активностите во Собранието, како што беше претходно најавено се следни: констатирање на оставка на претседател на Влада (Димитар Ковачевски) и претседател на Собрание (Талат Џафери), избор на нов претседател на Собрание (Јован Митрески), информирање на претседателот на државата за доделување на мандат на нов претседател на Влада (Талат Џафери), избор на Влада, министри, заменици министри и дополнителни заменици министри, како и констатирање на престанок на мандат на пратеник и верификација на мандат на нов пратеник во Изборна единица 5.
До недела на полноќ (28 јануари) земјава треба да добие трета преодна влада која ќе ја предводи Џафери. Како што најави, премиерот Ковачевски оставка ќе поднесе утре, со што во оставка ќе биде целата влада. Се очекува на средбата со новинарите Џафери да соопшти кога тој ќе поднесе оставка. ВМРО-ДПМНЕ потврди дека по Извршниот комитет на партијата вечерва ќе ги соопшти имињата на техничките министри за внатрешни работи, за труд и социјална политика и дополнителните министри за финансии, за информатичко општество и администрација и за земјоделство.
Собраниски избори, претходно информираа дека на новата собраниска седница закажана за в петок, ќе бидат констатирани оставките на Ковачевски и на Џафери и дека тогаш ќе биде извршен изборот на новиот претседател на Собранието Јован Митрески од СДСМ.
Подготвено од М.Д.