09.01.2024 Скопје

Делегација предводена од Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија – Меџлиси Ал Шура од денеска до петок ќе биде во официјална посета на Северна Македонија.

Како што најавија од Собранието, утре Абдулах бин Мухамед АлШеикх ќе оствари средба со претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери, а по средбата ќе присуствува и на потпишување во Книга на впечатоци.

Од МВР соопштија дека поради посета на претседателот на Собранието на Кралството Саудиска Арабија, во Скопје од денеска до сабота ќе има променет режим на сообраќај.

Во Скопје од денеска до сабота, 13 јануари, ќе има посебен режим на сообраќај поради официјална посета на делегација предводена од Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија – Меџлиси Ал Шура. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), со посебниот режим кој ќе го спроведе Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат опфатени сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Подготвено од М.Д.

 

 

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *