02.01.2024 Скопје
Стартуваат законските измени за сите странски фирми кои работат на теритoрија на Република Северна Македонија, мора да имаат свој даночен застапник.
Од почетокот на годинава, странските фирми кои работат на територијата на Република Северна Македонија, а немаат тука седиште или подружница, имаат обврска да назначат даночен застапник за ДДВ, информираат од Управата за јавни приходи. Ова произлегува од последните измени и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност, а се однесува на тие што вршат промет на добра и услуги кои поделжат на овој данок.
Странската фирма, пак, треба да се пријави за регистрација и за доделување на ЕДБ во надлежната регионална дирекција на УЈП, зависно од адресата на назначениот даночен застапник. За таа цел се поднесува Пријава за регистрација „образец УЈП-РДО“, заедно со неопходните документи: договор за назначување даночен застапник; потврда за резидентност од земјата во која има седиште или подружница; полномошно издаденено од странското лице, преведено на македонски јазик; копија од лична карта или тековна состојба од ЦРСМ за лицето назначено како даночен застапник; доказ дека за назначениот даночен застапник не е започната стечајна или ликвидациона постапка ако е правно лице или доказ дека не е правосилно осуден за кривично дело ако е физичко лице.
Кога ќе се завршат сите формалности, даночниот застапник во своја надлежност ги презема обврските да пресметува ДДВ врз основа на добиените пресметки од странската фирма; во негово име, по истекот на секое тримесечје, да поднесува даночна пријава, да го плаќа данокот и евентуално пресметаната камата ако се уплатата не е извршена во законски пропишаниот рок и да води евиденции за извршениот промет кој се оданочува.
Подготвено од М.Д.