Dalnovod EVN

13.01.2024 Скопје

Денеска беше последен ден за доставување на потребната документација од фирмите кои сакаат да конкурираат а во следниот период ќе има електронска аукција и за околу десетина дена би требало да се знае кој ќе биде новиот снабдувач со струја на домаќинствата и малите потрошувачи во следните пет години.

Понудите во влада се отворени, потврдено е кој термин аплицирале но, се уште не се утврдени техничките спецификации односно дали и кои фирми ги исполнуваат условите.

„Пан интер трејд“ фирма во ликвидација во Србија, а во Скопје со еден вработен е дел од понудите за универзален снабдувач во конзорциум со грчки ЕДС.

Компанијата функционира во Скопје со годишен обрт од 500 илјади евра, а ЕДС која настапиле во конзорциум со оваа фирма има финансиски проблеми поради енергетската криза.

Компаниите кои сакаат нов универзален снабдувач покрај останатите услови треба да имаат и работен капитал од 40 милиони евра, оттука се отвора прашањето дали овој конзорциум ќе ги исполнува условите.

На тендерот за нов универзален снабдувач се пријавиле и ЕВН Хоум и ЕСМ продажба, и  речиси сите компании понудиле првична профитна маржа со сличен процент блиску до сегашниот од 11,5%.

Подготвено од М.Д.

About Author