30.01.2024 Скопје
По објавата во дел од медиумите дека денеска е приведен ексдиректорот на Клиниката за онкологија и радиотерапија Нино Васев, од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија уште еднаш потврдуваат дека се преземаат дејствија по наредба на јавен обвинител и оти сите други информации се неофицијални. Повеќе детали за денешните активности од Обвинителството не откриваат.
Од Министерството за здравство (МЗ) информираат дека Онкологија денеска функционира нормално.
За другите информации поврзани со претресите кај лица кои се осомничени дека се поврзани со случајот „Онкологија“од Здравство упатија на надлежните институции кои ги водат овие процеси.
Случајот „Онкологија“ се откри минатата година по серија објави и текстови за постоење на разработена криминална бизнис-мрежа за препродавање на скапи лекови – цитостатици. Во мрежата, наводно, биле вклучени повеќе лекари и медицински персонал на Клиниката.
Подготвено од М.Д.