Image by azerbaijan_stockers on Freepik

11.01.2024 Скопје

Црна Гора планира да го забрани увозот на возила постари од 15 години, бидејќи користените автомобили со стандардот „Еуро 4“ кои моментално се увезуваат во таа земја имаат негативно влијание врз безбедноста во сообраќајот и заштитата на животната средина.

Црногорското Министерство за транспорт и поморство во 2024 година ќе побара измени на регулативата со што новиот минимален стандард за увоз ќе биде „еуро 5“.

Во текот на 1990-тите, Европската унија воведе стандарди „Еуро“, кои претставуваат законски ограничувања за емисија на штетни гасови од автомобилите.

Минималниот стандард за увоз на нови автомобили во Црна Гора е „еуро 6“, а за увоз на половни возила „еуро 4“.

Во Црна Гора, според податоците на Управата за статистика Монстат за 2022 година, секое трето возило е старо над 20 години.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author