29.01.2024 Скопје
Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва, по завршувањето на седницата во Собранието за избор на преодна влада за спроведување на изборите за пратеници, во својот Кабинет ги прими членовите на новиот состав на Владата.
На членовите на преодната Влада, претседателот Пендаровски им посака ефикасно работење.
„Честитки за изборот на преодната Влада. И посакувам ефикасно функционирање и успешно спроведување на претстојните избори“, соопшти кусо претседателот.
Преодната Влада беше избрана на денешната 141. пленарна седница со 65 гласа „за“ и тројца „против“. Преодната Влада се избира на 100 дена пред изборите, а има мандат до официјалното објавување на резултатите од претстојните парламентарни избори закажани за 8 мај, односно до формирањето на новата влада.
Подготвено од М.Д.