https://www.facebook.com/photo.php?fbid=526225295542110&set=pb.100044639310154.-2207520000..&type=3

19.01.2024 Скопје

Претседателот на собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери упати честитка по повод Православниот празник Водици.

„Дозволете во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, да упатам честитки по повод големиот празник, Богојавление – Водици и да Ви посакам празникот да го дочекате пред сѐ во добро здравје, во мир, спокој, семејна благосостојба и напредок. Нека водата која дава живот, која храни и негува, расте и развива, протече лесно и брзо. Нека биде бистра и моќна. Нека биде силата која ќе не обедини како граѓани, како соседи, пријатели и соработници. Да бидеме заедно и едногласни, придонесувајќи за целта која ја посакуваме и заслужуваме – Република Северна Македонија, напредна, успешна и полноправна членка на европското семејство на народи. Нека овој празник ги растера темните и неизвесни облаци, нека ги облагороди мислите и поттикне солидарност, сочувство и искреност во секој од нас. Мудро, зрело и одговорно да ги надминеме предизвиците што ги носи иднината за да обезбедиме мир, напредок и благосостојба за граѓаните и за Република Северна Македонија. Нека е за многу години празникот“, напиша Џафери во честитката.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *