02.01.2024 Скопје
Претседателот на Чешката Република, Петр Павел, го искористи своето прво новогодишно обраќање по преземањето на функцијата за да повика на воведување на еврото во Чешка.
„Дојде време да почнеме да преземаме конкретни чекори кои ќе доведат до исполнување на оваа обврска“, рече тој.
За централната европска земја со отворена, извозно ориентирана економија, заедничката валута е „логичната иднина“, рече тој.
Поранешниот началник на Генералштабот на вооружените сили, Павел е на чело на оваа членка на ЕУ и НАТО со околу 10,8 милиони жители од март 2023 година.
Чешката Република има своја валута, круната. Прага вети дека ќе го усвои еврото кога и се приклучи на Европската унија пред речиси 20 години, но не е поставена конкретна временска рамка за тоа. Либерално-конзервативната влада, предводена од премиерот Петр Фијала, се уште не успеала да се договори за датумот на воведување на еврото.
Сепак, промената на законот што стапи на сила на почетокот на годината им овозможува на компаниите кои најголем дел од прометот го остваруваат во евра да ги чуваат сметките во таа валута. Од чешката стопанска комора велат дека многу големи компании и онака веќе си испраќаат фактури во евра.
Подготвено од А.Ѓ.