23.01.2024 Скопје
Цените на златото би можеле да пораснат за 10 отсто до крајот на годината поради потенцијалното намалување на каматните стапки, објави швајцарската банкарска корпорација УБС.
Златото, и покрај благиот пад на почетокот на 2024 година, сè уште е над психолошката граница од 2.000 долари за унца, а до крајот на годината може да порасне и до 2.250 долари, бидејќи „не треба да се потцени моќта на пресвртот на американската централна банка ” во однос на каматните стапки, сметаат експертите од UBS.
Канадската Scotiabank е повнимателна и верува дека унца злато ќе чини 2.000 долари на крајот на тековната година.
Во изминатата година цената на златото порасна за 15 отсто во однос на 2022 година.
Цените на златото се под влијание на различни фактори како што се геополитичката нестабилност и пазарната несигурност што ја прават златната шипка „безбедно засолниште“ за капиталот.
Подготвено од А.Ѓ.