eu gas ukraina

18.01.2024 Скопје

По драстичниот скок на цената на бензинот на почетокот на војната во Украина, цената на овој енергенс во Европа падна под 30 евра.

Имено, некогаш мегават-час гас чинел дури 277 евра, додека цената сега е речиси 10 пати пониска.

Благодарение на обилните залихи и благата зима, цените на природниот гас во Европа се стабилизираа на најниско ниво во последните две години.

Така, во вторникот на референтната холандска дигитална платформа, мегават-час гас со рок на испорака од еден месец изнесуваше 29,7 евра.

Според аналитичарите, заслугата на пониските цени е добрата набавка на течен гас од увоз, а полните државни магацини благодарение на благата зима.

Изминатиот викенд зафатеноста на магацините во Германија беше 83,80 отсто.

Потсетуваме, на почетокот на минатата година цената на плинот за мегават-час беше 79 евра, додека во октомври 2023 година беше 57 евра бидејќи постоеше загриженост за снабдувањето поради конфликтот во Појасот Газа, но од тогаш цената паѓаше.

Инаку, највисоката цена на плинот по мегават-час од 277 евра беше во август 2022 година поради намаленото снабдување од Русија, а потоа Норвешка стана главен снабдувач на Европа на овој енергенс.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author