gorivo

10.01.2024 Скопје

Цените на бензините во Куба ќе се зголемат за повеќе од 400 отсто од 1 февруари, изјави кубанскиот министер за финансии и цени Владимир Регуеиро.

Во зависност од квалитетот, цената ќе порасне од 25 кубански пезоси (0,2 долари) за литар на 132 пезоси (1,1 долари) и од 30 пезоси (0,24 долари) на 156 пезоси (1,25 долари).

Цените во долари не го изразуваат официјалниот, туку реалниот курс на црниот пазар на Куба.

Покрај тоа, Куба во иднина ќе продава бензин на странци исклучиво за долари.

Кубанците веќе четири години се соочуваат со зголемен недостиг од храна, лекови, гориво, електрична енергија и стоки за широка потрошувачка, а владата на оваа карипска земја сака да ја подобри економската состојба со нови мерки.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author