08.01.2024 Скопје
Германскиот синдикат на машиновозачи GDL објави дека ги повикува своите членови на штрајк следната недела, поради растечките несогласувања со железничкиот оператор Дојче Бан за платите.
Штрајкот ќе се одржи од 10 до 12 јануари, додаде синдикатот, додека машиновозачите кои управуваат со товарните возови ќе почнат да штрајкуваат на 9 јануари.
Синдикатот во декември соопшти дека планира штрајк кој ќе трае неколку дена по завршувањето на божиќните празници. Машиновозачите минатиот месец одржаа 24-часовен штрајк, откако преговорите меѓу синдикатот и Дојче Бан пропаднаа на крајот на ноември.
ГДЛ бара намалување на работното време од 38 на 35 неделно по лице, зголемување на платата за 555 евра месечно, како и еднократна помош поради инфлација во износ од 3.000 евра.
Подготвено од А.Ѓ.