30.01.2024 Скопје
Извозот на пилешко месо од Република Српска во ЕУ ќе продолжи непречено во наредниот период, изјави Владимир Милијевиќ, главен ветеринарен инспектор на Републиката.
„Ова се прелиминарните резултати по ветеринарната инспекција на Генералниот директорат за здравје и безбедност на храна на Европската унија во Република Српска“, изјави Милијевиќ.
Посочи дека нема забелешки за контролниот систем, а веќе подолго време работиме според стандардите на ЕУ.
„БиХ има одобрен статус за извоз на пилешко месо од 2017 година кога првпат беше посетена оваа инспекција, а потоа добивме одредени препораки. Бевме должни да ги отстраниме препораките и сега дојде инспекцијата да види колку сме направиле“, рече Милијевиќ.
Од прелиминарните заклучоци, додава тој, можеме да бидеме задоволни од сработеното.
„Кога станува збор за производите што ги извезуваме, тоа се риба, мед, јајца од „Б“ категорија, млеко и пилешко, а се надевам дека годинава ќе извеземе и јајца од „А“ категорија и црвено месо“, додаде главниот републички ветеринарски инспектор.
Подготвено од А.Ѓ.