03.01.2024 Скопје
Наке Чулев најверојатно повторно ќе биде предложен за министер за внатрешни работи доколку ВМРО-ДПМНЕ се одлучат за учество во техничката влада. Чулев беше министер во претходната техничка влада, кога премиер беше Оливер Спасовски.
Дел од членството се` уште е со мислење дека ВМРО-ДПМНЕ воопшто не треба да учествува во техничката влада, но преовладува мислењето да учествуваат најмногу поради тоа, да се спречат можни манипулации со изборите.
Кадрите на СДСМ во техничката влада се веќе познати, во најголем дел остануваат актуелните министри, освен дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, за чие место е предложен Митко Бојмацалиев, актуелен шеф на кабинет на министерот Оливер Спасовски.
Веќе кон средината на месецов, премиерот Ковачевски и претседателот на Собранието, Џафери, треба да си поднесат оставки на функциите.
Прваta собраниска седница во новата година е закажана на 16 јануари, со што е отворена можност тогаш да им бидат констатирани оставките. До 28 јануари треба да биде избрана новата техничка влада.
Подготвено од М.Д.