barselona shpanija

08.01.2024 Скопје

Населението на Барселона надмина 1,7 милиони за прв пат од 1990 година, покажуваат најновите податоци објавени од заводот за статистика на градот.

Како што е соопштено, градот имал 1.701.891 жители на 1 август 2023 година, а бројот на жители на каталонската престолнина се зголемил помеѓу јануари и јули за повеќе од 40.000 нови жители.

Речиси половина од новите жители се на возраст меѓу 25 и 39 години, а околу 85 отсто од новите жители се странци, кои за прв пат сочинуваат повеќе од една четвртина од населението на Барселона.

Населението на Барселона достигна врв од 1.906.998 во 1979 година, пред да падне во следните две децении на под 1,5 милиони.

Последната година населението надмина 1,7 милиони беше 1990 година, според Одделот за статистика на градскиот совет. Возрасната група од 25-39 години забележа најголем пораст во првите седум месеци од 2023 година.

Бројот на граѓани кои не се членки на ЕУ се зголеми за 28.368 меѓу јануари и август 2023 година, додека жителите на земјите од ЕУ (со исклучок на Шпанија) се зголеми за 6.760. Бројот на странци сега изнесува 427.119, или 25,1 отсто од вкупниот број, за првпат надминувајќи една четвртина од населението во градот.

По Шпанците, Италијанците се најзастапени во Барселона (49.371 жител), потоа Колумбијците, Пакистанците, Кинезите, Перуанците и Французите.

Бројот на Украинци во Каталонија е речиси двојно зголемен од руската инвазија, од нешто помалку од 5.000 на почетокот на 2022 година на 9.510 во август 2023 година. Бројот на Русите се зголеми од 7.554 во март 2022 година на 11.411 во август 2023 година. Најчеста земја на потекло по Шпанија е Аргентина, каде што се родени 45.568 жители на Барселона, а потоа следат Колумбија, Перу, Венецуела и Пакистан.

Според податоците од пописот на градот од 1 јануари 2023 година, повеќе од половина од жителите на Барселона на возраст меѓу 25 и 39 години се родени надвор од Шпанија – околу 57 проценти.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author