05.01.2024 Скопје
Израелското Министерство за туризам соопшти дека вкупниот број на туристички посети на Израел е зголемен минатата година, во однос на претходната, 2022 година, иако од октомври, кога започна конфликтот меѓу Израел и Хамас, бројот на странски посетители нагло се намали и остана на ниско ниво.
До октомври, туристичката индустрија закрепнуваше од колапсот предизвикан од пандемијата Ковид-19, но бројот на странски посетители во Израел нагло се намали по нападот на Хамас.
Минатата година, три милиони туристи го посетија Израел, околу 300.000 повеќе од 2,7 милиони странски посетители регистрирани во претходната година во 2022 година.
Декември беше најлошиот месец во годината, со само 52.800 туристи, додека, само неколку месеци претходно, повеќе од 300.000 туристи го посетуваа Израел секој месец.
Ројтерс не потсетува дека на 7 октомври вооружени лица на Хамас извршија напад во кој убија 1.200 луѓе на југот на Израел и зедоа 240 заложници. Израел одговори со бомбардирање и копнена инвазија на Појасот Газа во која загинаа повеќе од 22.000 луѓе.
Подготвено од А.Ѓ.