23.01.2024 Скопје
Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ постигнаа „начелен договор“ за воспоставување поморски безбедносни операции во Црвеното Море, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.
„Црвеното Море беше високо во нашата дискусија, во принцип се согласивме да воспоставиме поморски безбедносни операции на ЕУ и да разговараме за различни опции за овие мисии“, рече Борел на прес-конференцијата.
Јеменските Хути почнаа да гаѓаат комерцијални товарни бродови во Црвеното Море како знак на солидарност со милитантното движење Хамас во неговата војна со Израел во Појасот Газа.
Нападите го загрозија меѓународниот поморски сообраќај и многу важна рута за светската трговија и синџирите на снабдување и набавки.
Подготвено од А.Ѓ.