https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/c0/Cells_at_Lorton_Prison_%288905051844%29.jpg/800px-Cells_at_Lorton_Prison_%288905051844%29.jpg

22.01.2024 Скопје

Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници  (МЗМП) денеска ќе се одржи завршен настан на проектот „Борба против тортурата и нехуман третман” спроведуван од двете здруженија, а поддржан од Европската унија.

Свои излагања ќе имаат претставници на министерствата за правда, за труд и социјална политика и за здравство, Управата за извршување санкции, Омбудсманот, претставници на граѓанските организации, како и останати засегнати страни.

Пред присутните ќе бидат презентирани наодите на извештаите изработени во рамки на проектот: Сеопфатен извештај за влијанието на реформите во пенетенцијарниот систем, Извештај за состојбите и условите во психијатриските болници и установи за социјална заштита -посети во ЈЗУ Психијатриска болница Скопје, ЈЗУ Психијатриска болница Негорци, Психијатриска болница Демир Хисар, Специјален завод Демир Капија во период од октомври до ноември 2023 година, како и Извештај за состојбите и условите во казнено поправните установи во 2023 година – според последователните посети во КПД Идризово, КПД Штип, КПД Прилеп и Затвор Куманово, реализирани во периодот мај – јуни 2023 година.

Подготвено од М.Д.

About Author