04.01.2024 Скопје
Болницата почна да се загрева на гас кон крајот на декември 2021 кога завршија неопходните инфраструктурни зафати, проектот за изградба на комплетно нова дистрибутивна гасоводна мрежа, нова гасна котларница, поставување на гасна опрема и изградба на приклучна делница од дистрибутивната гасоводна мрежа.
„Болницата се затоплуваше на мазут, меѓутоа откако целосно беше завршена гасификацијата на установата и откако поминаа редовните контроли, пуштена е во употреба и веќе трета година се затоплуваме на гас. За ова прашање нè контактираа од Министерството за животна средина и просторно планирање на кое му приложивме и фактури кои ги исплаќаме на ЈП ‘Куманово гас’“, изјави директорката на болницата Биљана Ивановска.
За гасификацијата средства одвои Министерството за здравство. Во кругот на болницата е поставена и мерна станица која во минатото регистрираше екстремно загадување од загревањето со мазут. Интенција на локалната и централната власт беше приклучок на здравствената установа на гас како еколошки енергенс. Овој проект беше исклучително важен за кумановци, за намалување на аерозагадувањето.
Кумановската болничка установа се грижи за здравјето на граѓаните од Куманово и од североистокот, дека нивен интерес е да има што помалку болни од респираторни заболувања.
Подготвено од М.Д.