општина карпош 1

04.01.2024 Скопје

Советот на општината не го изгласа Буџетот за 2024 година пред крајниот рок. Вработени во градинки, училишта, општински служби и целокупната администрација во Карпош, годината ја започнуваат во неизвесност.

Тоа ги извади на протест дел од вработените во службите кои плата земаат од општинската каса. Празниците ќе ги поминат во страв дека дел од нив освен без плата, ќе останат и без работа.

Градоначалникот посочува виновници за блокадата. Јакимовски смета дека ВМРО-ДПМНЕ се виновни бидејќи со илјадници амандмани на Предлог-буџетот намерно ја блокираат Општина Карпош.

Реагираа советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои се посочени како главни виновници за блокадата. Сметаат дека поголема штета ќе се нанесе со донесување на Буџетот, со кој се отвора пат за спроведување на Детални урбанистички планови по терк на градоначалникот.

Подготвено од М.Д.

About Author