eva skijanje

22.01.2024 Скопје

Битолчанката Ева Милевска со само 16 години и прва година во ФИС натпреварите поставува рекорди во најбрзата скијачка дисциплина – спуст. Извонредни резултати доаѓаат од Италија, кадешто младата Ева Милевска од СК Пелистер ги освои првите ФИС поени во најбрзата дисциплина во алпско скијање. Овој резултат е од посебно значење затоа што тоа се најдобари македонски постигнати ФИС поени во спуст.

Со само шеснаесет години и само пола година тренинг во спуст, Ева Милевска освои одлични 107 ФИС поени во Кортина Д’Ампецо, Италија.

Ева првпат се сретна со брзите дисциплини во март минатата година на Бјелашница. Сепак одлуката професионалното скијање да го продолжи во Италија со врвни тренери посебно во брзи дисциплини дава резултати. Ева се приклучи на тренажниот процес за брзи дисциплини со скијачки клуб од Италија и од јуни минатата година тренира на италијанските Алпи. Поддршката за оваа сезона Ева ја добива од Скијачка федерација на Македонија и приватни спонзори.

Имајќи во предвид дека ова е само почеток на првата година на Ева Милевска во ФИС натпреварите и знаејќи ја нејзината одлучност и посветеност во скијањето веќе десет години, за очекување е дека пред неа претстои иднина со поголеми резултати.

Подготвено од М.Д.

About Author