12.01.2024 Скопје

Основачот на Amazon, Џеф Безос, за помалку од 13 минути заработува повеќе отколку што заработува просечниот човек во текот на целиот живот, покажуваат податоците објавени од глобалниот бизнис магазин „Fortune“.

Во 2023 година, богатството на Безос се зголемило од 107 на 177 милијарди долари, што одговара на зголемување на богатството за 191,78 милиони долари дневно или за околу 7,99 милиони долари на час.

Според податоците од 2023 година, просечниот Американец заработува 1,7 милиони долари во текот на својот работен век, а Безос оваа сума ја заработува за приближно 0,21 час, односно за 12,76 минути.

Амазон е глобален гигант во онлајн трговијата и припаѓа на групата американски технолошки компании „Magnificent Seven“ кои имаат најголема вредност на берзата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *