beli-drobovi1-750x563

18.01.2024 Скопје

Во светот, но и во Република Северна Македонија, ракот на белите дробови е главната причина за смртност. Дури 23% од сите видови отпаѓаат на овој вид рак, што го прави ракот на белите дробови, по ракот на дојката, најчест облик на рак во светот.

Клиниката „Жан Митрев“ почнува национална кампања за бесплатен скрининг за канцер на бели дробови. За прв пат пациентите ќе може да се испитуваат дали носат ризик за развој на рак на бели дробови и дали делуваат превентивно. Целта на кампањата на клиниката е навремено откривање на асимптоматските пациенти, дијагностицирање во рана фаза кога може да се изврши оперативен третман, бидејќи така прогнозата за преживување е многу подобра и подигнување на свесноста за рано откривање на заболувањето во почетна фаза.

Со скринингот ќе бидат опфатени пациенти за карцином на бели дробови кои се асимптоматски, но влегуваат во ризичните категории според животните навики. Препораката за скрининг опфаќа пациенти од 50 до 75 години кои во текот на 20 години пушеле повеќе од 20 цигари (или 1 кутија) на ден или 2 кутии цигари дневно во тек на 10 години, како и пациенти кои биле пушачи, а престанеле во последните 15 години.

Пациентите што ќе се пријават прво пополнуваат прашалник според кој се проценува ризикот за да добијат карцином на бели дробови. Пријавувањето и пополнувањето на прашалникот може да се направи онлајн на интернет страницата на клиника Жан Митрев, а повеќе информации за начинот на пријавување може да добијат на телефонскиот број 02 3091 484.

Скринингот се одвива во две фази, во првата фаза се користат процедури со кои ќе се одделат позитивни од негативни  пациенти, а во втората фаза, се користат процедури за комплетна дијагностика кај позитивните пациенти. Позитивните пациенти односно оние каде ќе се дијагностицира карцином, ќе бидат консултирани и упатени на комплетен оперативен и онколошкитретман што се применува во клиниката Жан Митрев.

Според препораката на The American cancer society скринингот се прави со компјутеризирана томографија на бели дробови со ниска доза на зрачење (Low dose CT scan) што e златен стандард во скрининг дијагностиката.

Подготвено од М.Д.

About Author