25.01.2024 Скопје
Кубанците се подготвуваат за нов бран на инфлација откако владата ги откри деталите од планот за штедење минатата недела.
Економистите проценуваат дека овој план за штедење ќе ги допре речиси сите аспекти на и онака пропаднатата економија.
Мерките, кои вклучуваат зголемување на цените и даноците и намалувања на субвенциите, ќе го забават зголемувањето на прогнозата за буџетскиот дефицит и ќе ја постават сцената за раст, рече премиерот Мануел Мареро.
Владата најави дека цените на бензините ќе поскапат речиси петкратно на 1 февруари, а економистите велат дека зголемувањето на цените на горивата на големо, како и даноците за продажба и увоз сигурно ќе предизвикаат значителни поскапувања за повеќето производи и услуги. Посочуваат дека очекуваат поскапувања од 400 до 500 отсто.
Инфлацијата во Куба минатата година беше 30 отсто, откако падна од 38 отсто во 2022 година, покажуваат официјалните податоци. Многумина економисти сметаат дека стапките на инфлација не се во согласност со реалноста, бидејќи Владата не го следи соодветно неформалниот пазар, кој е врзан за уличниот девизен курс, кој е многу повисок од официјалниот.
Владините претставници најавија дека горивата на големо ќе се удвои следниот месец, а товарниот превоз ќе поскапи за 40 до 60 отсто, додека увозните давачки за приватниот сектор ќе бидат петкратно зголемени.
На приватните компании ќе им се наплаќа и нов данок на промет од 10 проценти за трансакциите на големо. Дел од економистите оценуваат дека мерките се неопходни за намалување на дефицитот, како и дека е неопходно намалување на субвенциите.
Подготвено од А.Ѓ.