17.01.2024 Скопје
Претседателот на Воениот комитет на НАТО, Роб Бауер, ги повика јавниот и приватниот сектор на Запад да се подготват за период во кој сè може да се случи во секое време, вклучително и војна.
„Потребна ни е трансформација на НАТО за време на војна“, рече холандскиот адмирал на отворањето на дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.
Тој нагласи дека владите и компаниите од таа алијанса живееле во време кога сè било во изобилство, се било предвидливо и можело да се контролира.
„Од почетокот на војната во Украина, членките на НАТО мораа да се прилагодат на ера во која сè може да се случи во секое време, ера во која мора да го очекуваме неочекуваното, каде што мора да се фокусираме на ефикасноста за да бидеме вистински ефективни“, рече Бауер.
Адмиралот зборуваше во време кога воената помош за Украина од САД и Европската унија е или блокирана или забавена поради политички спорови. Тој вети дека помошта на НАТО за Украина ќе продолжи.
„Украина ќе ја има нашата поддршка секој ден, бидејќи резултатите од оваа војна ќе одлучат за судбината на светот“, рече тој.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот го предупреди Западот да не се двоуми да му помогне на Киев бидејќи тоа може да ја продолжи војната со години.
Подготвено од А.Ѓ.