03.01.2024 Скопје
Австрискиот министер за финансии Магнус Брунер најави дека со оглед на тоа што африканската чума моментално е многу активна во некои балкански земји, во наредните недели ќе бидат воведени приоритетни проверки за патниците од балканските земји, особено Босна и Херцеговина и Србија.
Имено, приоритетната кампања за проверка се спроведува во соработка со царината и Министерството за здравство. Целта е „да се создаде свест, особено кај патниците, дека земањето месо од земји кои не се членки на ЕУ е забрането и подлежи на царинење и проверка“, вели Брунер.
Австриските медиуми јавуваат дека африканската чума е особено раширена во Босна и Херцеговина и Србија и постои реална опасност, особено поради зголеменото патување за време на божиќните и новогодишните празници.
Понатаму се наведува дека преземањето на такви производи, вклучително и сурова шунка, колбаси или намази од месо, од земји надвор од ЕУ е забрането.
Овие месни производи можат да се увезуваат само од земјите членки на ЕУ, се разбира, под услов и таму да бидат подложени на соодветна ветеринарна инспекција.
Подготвено од А.Ѓ.