29.01.2024 Скопје
Австрија ги суспендира исплатите на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) и очекува целосна истрага за наводите дека нејзини работници биле вмешани во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, соопшти австриското Министерство за надворешни работи.
„Ги повикуваме УНРВА и ОН да спроведат сеопфатна, брза и целосна истрага за овие наводи“, се вели во соопштението.
По израелските обвинувања дека одредени членови на УНРВА учествувале во нападот врз Израел на 7 октомври со членови на Хамас, Велика Британија, Германија, Италија, Холандија, Швајцарија и Финска вчера им се приклучија на Америка, Австралија и Канада во суспендирањето на финансирањето на оваа агенција, што е важен извор на поддршка за жителите на Газа, а денес тоа го направи и Јапонија.
Подготвено од А.Ѓ.